Војвотката Кетрин и принцот Вилијам им посакаа среќни божиќни празници на сите нивни следбеници на социјалните мрежи.
Наместо честитка, тие споделија неодолива фотографија од Вилијам и нивните три деца. На неа, 37-годишниот принц нежно го бакнува малото синче Луи додека покрај нив стојат принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Фотографијата била направена од војвотката Кетрин во текот на годината што изминува во нивниот дом во Норфолк.

„Среќен Божиќ! Оваа фотографија од Војводата од Кембриџ, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи беше направена од војвотката Кетрин во Норфолк во текот на оваа година. Им посакуваме на сите наши следбеници среќен и релаксиран божиќен ден“ – напишаа од Кенсингтонската палата.

Кетрин редовно застанува зад фотоапаратот за да ги овековечи важните моменти за нејзиното семејство и секогаш добива комплименти кога ќе објави некоја од своите фотографии.
