Ема Хек, која се вбројува во најуспешните бодипеинтинг уметници, уште еднаш ја воодушеви својата публика со нејзиното најново дело. Таа поминала 10 часа цртајќи го телото на жена модел за визуелно да го претвори во гитара и на прекрасен начин да го вклопи во позадината.
„Започнав од зраците и контурите на гитарата. Имаше многу предизвици“ – изјавила Ема за британскиот The Sun.
Сликата е наменета за промовирање на фестивал кој се одржува во нејзиниот роден град – Аделаида, Австралија.
37-годишната Ема започнала да ја развива својата способност со цртање на детски лица. Таа се има истакнато во светски рамки со омилената нејзина техника – да прави луѓето да исчезнуваат во позадината.
Погледнете некои од нејзините најдобри дела: