Почетна » Новости » Занимливости » Прегрнавте некого? Денес е светскиот ден на прегратката

Прегрнавте некого? Денес е светскиот ден на прегратката

Ајде да се прегрнеме!

Денес се празнува светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој започнал да се одбележува во САД во 1986 година, а брзо бил прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари бил избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Бебиња во прегратка

Прегратката е начин да усреќите или утешите некого. Таа има инстантна моќ и позитивниот ефект се појавува веднаш и кај прегрнувачот и кај прегрнатиот. Со тој топол физички допир вие изразувате љубов, грижа, внимание, пријателство.

Не заборавајте дека никој не може да остане рамнодушен на искрена прегратка, па денес не ги штедете вашите раце и прегрнете што повеќе луѓе.

Сите ние можеме да го направиме светот подобро место за живеење преку споделување на прегратки и љубов.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.