Првиот допир, првиот поглед, првата насмевка, првите солзи... Моментите на раѓањето на нов живот се бесценети и неповторливи. Безброј емоции виреат во воздухот за време на првите средби на родителите со нивните бебенца.
Денес, сè почесто се ангажираат професионални фотографи за да ги овековечат токму тие прекрасни моменти на радост и поврзување.
Фотографките Ривер Бенет и Бел Пангбурн од Австралија направија проект насловен „The First Hello“ (Првото здраво), кој се состои од овие моќни фотографии од породувања.
Погледнете дел од нив:
На дел од фотографиите се прикажани и првите средби со други членови на семејствата.