Почетна » Новости » Занимливости » Фотографка ги објави своите најмоќни фотографии од породувања за 2015 година

Фотографка ги објави своите најмоќни фотографии од породувања за 2015 година

Обри Мотс е професионална фотографка за породувања од Алабама, која во текот на 2015 година била ангажирана да го овековечи раѓањето на 58 нови животи. За да го одбележи крајот на годината, таа ги објави највпечатливите и најемотивните фотографии кои ги направила во изминативе месеци.

Бебе кое со знаковен јазик вели „Те сакам“, заврзана папочна врвца, мајка болна од рак која раѓа здраво бебе, татко преплавен со емоции... Погледнете ги делата кои Мотс ги издвои како најдобри во нејзината работа за 2015 година и прочитајте ги приказните зад некои од нив.

Фотографиите на Обри МотсМајка се породува по природен пат, без епидурална анестезија. „Ми се допаѓа тоа што може да се видат контракциите на нејзиниот стомак. Речиси можете да го слушнете нејзниот крик.“ Фотографиите на Обри Мотс„ТАА ИМА КОСА! Секоја мамичка е возбудена кога ќе слушне дека нејзината малечка е родена бушава, нели? Но, за оваа мајка, на која ѝ бил дијагностициран рак на дојка во трет стадиум во 29 недела од бременоста, тоа беше потврда дека третманите со радијација кои причинија да ја изгуби сопствената коса, не ни допреа до бебето Аналин. Тоа се солзи-радосници!“ Фотографиите на Обри Мотс„Тато е обземен од емоции што неговата сопруга е одведена во операционата сала.“ Фотографиите на Обри Мотс„Ова можеби е најдобрата фотографија НЕКОГАШ направена од мене како фотографка за породувања. Бебето Вајат со универзален знаковен јазик ѝ кажува ТЕ САКАМ на мајка си.“ Фотографиите на Обри Мотс„Најдолгите секунди во твојот живот се додека чекаш да го чуеш плачот на твоето бебе.“ Бебето на оваа мајка се родило во ризична состојба, па таа во моментот на фотографирањето испраќала милион молитви кон небото. Фотографиите на Обри Мотс„Мајката ги подава рацете кон долгоочекуваното бебе.“ Фотографиите на Обри Мотс„Пролапс на папочната врвца (каде папочната врвца излегува пред главата на бебето во родилниот канал) инстантно станува ситуација на живот или смрт. Ако главата на бебето се спушти и ја притисне врвцата, кислородот на бебето ќе биде прекинат. Сестрата ја држи главата на бебето, поткревајќи го нагоре за да го прекине притисокот врз папочната врвца. Неверојатен медицински тим!“ Фотографиите на Обри Мотс Фотографиите на Обри Мотс Фотографиите на Обри Мотс„Ова се првите моменти надвор од утробата, папочната врвца е сè уште прикачена. Мајката се породуваше речиси 24 часа пред да заврши со царски рез.“ Фотографиите на Обри Мотс Фотографиите на Обри Мотс„Ова беше вистински јазол, многу ретка појава која се случува додека бебето сè уште е во матката. Најчесто не претставува проблем, но може да се стегне кога бебето ќе започне да се спушта во родилниот канал, што може да ја наруши циркулацијата на крвта од плацентата до бебето.“ Фотографиите на Обри Мотс Фотографиите на Обри Мотс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.