Блогерка си го снимаше телото во текот на една недела за да докаже дека женското тело постојано се менува и дека не треба да ја базираме нашата вредност врз она што го гледаме во огледалото.
Како експерт за фитнес и здравје, Бри Ленехен, добро знае дека подуеноста на стомакот, изгледот на кожата и расположението зависи од многу фактори и дека е невозможно да изгледаме исто секој ден. Таа постојано споделува фотографии за да покаже дека она што го гледаме на социјалните мрежи не е реално.
@breelenehan I filmed my body every day for a week & this happened… #bloating #bodyimage #selfcare #corememories #thinkaboutit #confused #selflove #loveyoursel ♬ Ginseng Strip 2002 - Yung Lean
Си го снимав телото секој ден од неделата и еве што се случи...
Го оставам ова тука како потсетник дека не можете да ја базирате вашата вредност врз нешто што е толку променливо како вашето тело. Ако го правите тоа, ќе имате живот полн со самоосудување, негативни зборови за себе и срам.
Колку е неверојатно човечкото тело! Постојано работи напорно за нас. Милиони мали микроскопски задачи се случуваат во нашите тела секоја минута, па не е фер да очекуваме дека нашето тело секогаш ќе изгледа исто.
Не само тоа, туку и многу надворешни фактори можат да предизвикаат промени во вашето тело:
Стрес, спиење, што јадеме, колку јадеме, вежбање, хормони, алергија/нетолеранција на храна, вишок на натриум, задржување на течности, воспалени мускули итн.
Не само што забележувам промени во моето тело, туку и на мојата кожа, моето расположение, мојата енергија и целокупното расположение. Помислив дека ќе биде интересно да го споделам ова... Треба да знаеме дека сè е привремено и дека е вистинско чудо. Се надевам дека ќе покажам дека овие промени се дел од тоа да се биде човек.
„Ве молам, зборувајте за вашето тело како да му припаѓа на некој што го сакате“ - пишува таа.
На друг пост, Бри пишува:
Секој ден гледаме повеќе од 400 реклами, кои ни кажуваат како треба да изгледаме, кои производи треба да ги користиме за да ги „поправиме“ нашите „несовршености“ и што треба да правиме со нашите животи.
Не е воопшто чудно што 61% од возрасните и 66% од ДЕЦАТА не се задоволни со сликата која ја имаат за себе. Ме растажува тоа што индустриите ги искористуваат нашите несигурности... Дека растеме со лупа поставена над нашиот изглед и ги поминуваме нашите животи обидувајќи се да ги „поправиме“ нештата кои нè прават она што сме.
Вие сте многу повеќе од големина, број, тежина или тело и има многу повеќе нешта во овој живот одошто да се обидуваме да се собереме во кутија во која никогаш не требало да бидеме.
@breelenehan Did you know that the average woman TEMPORARILY gains more than 2kgs on her period? #period #periodt #wellness #tutorials #bodyimage #questions ♬ Know Yourself - Drake