Машкото списание Men’s Life одлучи да расчисти неколку заблуди за мажите кои се распространети меѓу жените. Еве кои се тие:

- Мажите сакаат големи гради. Категорично може да се тврди дека ова не важи за сите мажи. Во основата на женската убавина е хармонијата и балансот, велат уредниците.
- Мажите сакаат да се чувствуваат слободни. Кај повеќето мажи доаѓа момент кога започнуваат да сакаат да создадат семејство. Мажите признаваат дека сакаат голема блискост со својата партнерка.
- Мажите копнеат за секс со пријателка. Не сите мажи. Сепак, мнозинството тврдат дека не постои пријателство помеѓу маж и жена.
- Мажите преферираат русокоси. Бојата на косата никогаш не била критериум за избор кај мажите.
- Мажите сметаат дека црвените нокти се секси. Апсолутен мит е дека посилниот пол обрнува внимание на женскиот маникир, а особено на тоа дали е црвен или не. Сепак, повеќето мажи претпочитаат куси нокти лакирани со лак во светла боја.