Хедер Бел несомнено има полни раце работа. Како мајка на осум деца, таа едвај успева да ги заврши сите домашни обврски во текот на денот.
На својот профил на TikTok, посветената мајка споделува видеа за да покаже како подготвува оброци за десетчленото семејство и како се грижи за домот да изгледа средено.
Хедер и нејзиниот сопруг Лук отсекогаш сакале големо семејство, но долги години не можеле да имаат деца. За да си ја исполнат големата желба, тие посвоиле седум деца, а успеале да добијат и едно биолошко дете.
„Докторите ни рекоа дека веројатно нема да можеме да имаме наши деца. Па, одлучивме да посвоиме. Го посвоивме синот Дејвид преку приватно посвојување“ – изјавила Бел, која страда од ендометриоза.
Радоста која им ја донесе првото дете, ги натера Хедер и Лук да згрижат уште едно момче. Додека да се финализира постапката за посвојување на второто детенце, Хедер ја добила најубавата вест – дека е бремена.
Нивниот биолошки син Гидеон се родил по 8-годишна борба со неплодноста. „Беше вистинско изненадување, бидејќи се обидувавме да зачнеме речиси осум години“ – изјавила таа.
Родителството им донело толку голема среќа, што не сакале да запрат тука. Тие продолжиле да аплицираат за згрижување на деца, со цел да им помогнат на што повеќе момчиња и девојчиња без родители.
Брачниот пар посвоил уште две девојчиња, Изабела и Хејли, па нивното семејство одеднаш стана седумчлено.
По извесен период, починал нивни сосед, кој бил самохран родител на три деца. Така, посветените родители ги посвоија и Ноа, Роберт и Брендон, кои биле пресреќни што станаа дел од семејството Бел.
Според законите во Мичиген, дозволено е паровите да имаат најмногу осум деца под еден покрив. Па затоа, Хедер и Лук морале да ја прекинат нивната лиценца како згрижувачи на деца.
Нивните деца тогаш биле на возраст од 4 до 12 години.
Активната мајка признала дека во почетокот се обидувала да им дава на децата само здрава храна, но понекогаш тоа било невозможно.
„Навистина се фокусирав да им правам здрави оброци, но со мали деца понекогаш е многу тешко да правиш домашни јадења, кога се уморуваш трчајќи цел ден по еден тон деца низ куќата“ – рекла Хедер.
Кога им доаѓале пријатели на децата на гости, се случувало Хедер да мора да готви и за 18 лица во еден ден. „Нашите деца и нивните пријатели знаат дека секогаш можат да дојдат тука за каков било оброк. Вратата е секогаш отворена“ – признала таа.
Сега, откако пораснаа, децата им помагаат на родителите во извршувањето на сите домашни обврски.
„Моите деца пораснаа во кујната, бидејќи секогаш беа околу мене. Кога ќе посакаа им дозволував да ми помогнат. Ќе ги набљудував до шорето, но им дозволував сами да го направат тоа“ – додала Хедер.
@justthebells10 350 Christmas Cookies!!! Here are our Family of 10’s Favorite Christmas Cookies!! #bigfamilybaking #familygoals #justthebells10 #bakingszn #cookiesoftiktok #christmasbaking ♬ Happy Mood - AShamaluevMusic
@justthebells10 Yep Pot Pie #homemade #homemade #family #mylife #feelinggood #breakfast #tutorials ♬ The Big Day - Alex Arias & Alexander Julius Wright
@justthebells10 When ever we have a school snow day or snow storm I make a huge breakfast #justthebells10 #bigfamilycooking #breakfastideas #breakfastrecipes #snowstorm #familymeals #mealideas #familygoals ♬ Happy Mood - AShamaluevMusic
@justthebells10 Food Storage for our Big Family #justthebells10 #onthisday #mealprepideas #foodhacks #foodstorage #kitchendesign #kitchenorganization ♬ Quirky - Oleg Kirilkov
@justthebells10 When ever we have a school snow day or snow storm I make a huge breakfast #justthebells10 #bigfamilycooking #breakfastideas #breakfastrecipes #snowstorm #familymeals #mealideas #familygoals ♬ Happy Mood - AShamaluevMusic
@justthebells10 How are Family of 10 gets ready for New Year’s Eve ##justthebells10##familygoals##familystorytime##holidayvibes##newyearseve##appetizer##charcuterie##mealideas ♬ Cute songs for pet videos and easy events - Saku
@justthebells10 Family of 10 Christmas Eve Brunch #bigfamilycooking #justthebells10 #familygoals #breakfastideas #familymeals #mealideas #holidayvibes #familyrecipe ♬ Cute songs for pet videos and easy events - Saku
@justthebells10 CHICKEN & DUMPLING SOUP TO FEED OUR BIG FAMILY #familygoals #justthebells10 #bigfamilycooking #easyrecipes #dinnerwithme #dinnerideas #familydinner #familymeals #mealideas #quickrecipes ♬ I Can Feel It (Christmas Instrumental) - Nick Sena and Danny Echevarria
@justthebells10 Family of 10 Dinner time #justthebells10 #bigfamilycooking #familygoals #dinnerwithme #dinnerideas #mealideas #familymeals #familydinner #shepardspie ♬ Happy Mood - AShamaluevMusic