Почетна » Новости » Занимливости » Покажете ја љубовта кон пишаниот збор: Денес е Светскиот ден на книгата

Покажете ја љубовта кон пишаниот збор: Денес е Светскиот ден на книгата

Денес се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право. УНЕСКО за првпат во 1995 година одлучи 23 април да им го посвети на книгите и авторите, поттикнувајќи ги сите, особено младите луѓе, да уживаат во пишаниот збор и да покажат почит кон незаменливиот придонес на оние кои го стимулираат социјалниот и културниот развој на човештвото.

Книги

Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, ги повика сите луѓе да го свртат вниманието кон книгите и нивните автори и издавачи: „На Светскиот ден на книгата и авторското право, УНЕСКО ги повикува сите жени и мажи да се обединат околу книгите и сите оние кои ги пишуваат и издаваат книгите. Ова е ден за да ги славиме книгите, во кои е изразена човечката креативност и желбата за споделување на идеи и знаење и поттикнување на разбирање и толеранција.“

Бокова во својата порака ја цитира и храбрата Пакистанка Малала Јусафзаи, која смело се залага за образование на девојките насекаде низ светот: „Да ги земеме нашите книги и пенкала. Тие се најмоќните оружја“.

Книги

23 април е избран од УНЕСКО како датум на кој се одбележува годишнина од смртта на двајца врвни писатели во 1616 година, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир. Но, важно е да се спомене дека двајцата легендарни писатели не починале на ист ден. Имено, Шпанија го присвои грегоријанскиот календар уште во 1582 година, додека Англија во 1616 година сè уште го користеше јулијанскиот календар, што би рекло дека Шекспир починал 10 дена по погребот на Сервантес (23 април е денот кога Сервантес бил погребан, а тој всушност починал еден ден порано).

10 инспиративни цитати за книгите

„Не постои толку лоша книга што не содржи барем нешто добро во неа.“
Мигел де Сервантес

„Доаѓа време кога треба да се одлучиш – дали ќе ја свртиш страницата или ќе ја затвориш книгата.“
Џош Џејмисон

„Продолжете да читате книги, но не заборавајте; книгата е само книга. Треба да научите да оформувате свое мислење.“
Максим Горки

„Можеби не постојат подобро исполнети денови од нашето детство, од оние поминати со омилената книга.“
Марсел Пруст

„Ги делам сите читачи во две групи: оние кои читаат - за да запаметат и оние кои читаат - за да заборават.“
Вилијам Фелпс

„Има и полоши злосторства од спалување книги. Едно од нив е истите да не се прочитаат.“
Јосиф Бродски

„Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува.“
Хенри Милер

„Не постои полојален пријател од книга.“
Ернест Хемингвеј

„Читањето ни носи непознати пријатели.“
Оноре де Балзак

„Помислата дека имате добра книга за читање пред да одите в кревет, се вбројува помеѓу највозбудливите задоволства.“
Владимир Набоков

Книги

Која е вашата омилена книга?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19472 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.