Пожарникар од Џорџија помогнал да се роди неговото прво внуче. Тој ѝ асистирал на својата ќерка при породувањето, бидејќи таа немало да успее да стигне до болница.
Имено, Брет Ленгстон се наоѓал на работното место ноќта кога неговата ќерка Хана започнала да ги чувствува породилните контракции.
Бидејќи ова е нејзино прво дете, Хана мислела дека има време додека да се роди бебенцето, па одлучила да почека до утрото. Но, погрешила.
Таа и нејзиниот партнер биле на половина пат до болницата кога сфатила дека нема да издржи до породилната сала. Тогаш, се сетиле дека пожарникарската станица на нејзиниот татко е најблиску, па се упатиле натаму.
Само што пристигнале, таткото го исчистил креветот во неговата соба, поставил најлонски вреќи и чаршаф за Хана да може да легне и да се чувствува удобно.
Бебенцето Адалин се родило само 10 минути по нивното пристигнување во станицата.
За среќа, сè поминало во ред и бебенцето и мајката се во добра здравствена состојба.
Ова не е првпат Брет да се соочи со ваква ситуација. Тој ја работи оваа професија повеќе од 28 години и досега имал помогнато да се родат десетина деца.
Покрај Хана, Брет и неговата сопруга имаат уште пет деца.