Прегрнавте некого денес? Не чекајте и започнете да делите топли и искрени прегратки.
Денес се празнува светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој започнал да се одбележува во САД во 1986 година, а денес е прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари бил избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Со прегратка можете да израдувате буквално секого. Правејќи круг со рацете околу драга личност вие испраќате најразлични пораки за љубов, пријателство, грижа, утеха, поддршка, благодарност...
Светскиот ден на прегратката е шанса да му покажете на светот дека мирот започнува токму од вас.
Велат дека најдобрите мали задоволства во животот се бесплатни. Прегратката дефинитивно е еднo од нив, па не се воздржувајте и обвијте ги рацете околу некого.