Принцот Луи со родителите Вилијам и Кетрин, братот Џорџ и сестра си Шарлот присуствуваше на роденденската парада на кралот Чарлс.
Како и секогаш, 6-годишното момче го украде вниманието со своите гримаси и со слаткиот танц на балконот од Бакингемската палата. Фотографиите и видеата од неодоливото момче брзо станаа хит на социјалните мрежи.
Во едно од видеата, Шарлот му вели на Луи да престане да танцува додека принцезата Кетрин се смее.
„Повторно го украде шоуто“, „Пресладок е“, „Можам да се пронајдам во него“, „Луи е сите нас“, „Прекрасен Луи. Бог да го благослови и да ја излекува Кетрин“, „Децата се преслатки, но Луи ќе крши женски срца со својот карактер и со насмевката“ – ова се само дел од коментарите упатени кон третото дете на принцезата Кетрин и принцот Вилијам.
Парадата „Trooping the Colour“ се одржа во саботата. Кетрин изгледаше отмено во бела креација од Џени Пекам и покрај тоа што води битка со ракот и прима хемотерапија.