Почетна » Новости » Занимливости » „Поважно е да си искрено сакана од неколкумина отколку да си лажно сакана од илјадници“

„Поважно е да си искрено сакана од неколкумина отколку да си лажно сакана од илјадници“

Две мајки составија листа со лекции за пријателството кои сакаат да им се врежат во мислите на нивните ќерки.

Ејми Ведерли и Џес Џонстон се запознале и спријателиле онлајн, а сега заедно работат и творат. Нивна цел е да им го пренесат животното искуство на нивните деца и да им помогнат на луѓето да се поврзат со пријателите.

Прочитајте ги нештата кои тие посакуваат да ги практикуваат нивните ќерки:

Мајка
  • Нема да им се допаѓаш на сите. Тоа е ОК. (Знам дека нема секогаш да чувствуваш дека ова е точно, но ти ветувам дека е).
  • Нема сите да те канат на настани. И тоа е ОК.
  • Никогаш нема да зажалиш што си била љубезна. Никогаш.
  • Ако постојано треба да си претпазлива пред одредени лица, тие не се твои луѓе.
  • Ти треба да ги избереш, па избери ги оние кои би те одбрале и тебе.
  • Имај високи стандарди кога станува збор за пријателите, но не биди нереална. Да, тие ќе грешат понекогаш, но и ти грешиш. Милоста е клучна.
  • Биди она што си. Дозволи им и на другите да бидат она што се.
  • Не можеш да имаш пријатели ако не знаеш како да им бидеш пријателка. Потруди се да бидеш најдобрата пријателка што можеш да бидеш.
  • Не чекај. И ти можеш да си личноста која го крши мразот и прва ги поканува другите за дружење.
  • Слушај.
  • Ако сакаш тие да бидат покрај тебе за големите нешта, треба да бидете едни покрај други и за малите нешта.
  • Немој свесно да ги изоставаш луѓето. Тоа не е убаво.
  • Озборувањето е ѓубре.
  • Драмата исто така. Биди над кавгите и чувствувај се слободно да си заминеш.
  • Не можеш да бидеш најдобра пријателка со сите. Но, можеш да му посветиш внимание на секого. Можеш да му се насмевнеш на секого. Можеш да му кажеш „Здраво“ на секого. Можеш да бидеш добра со сите и да направиш луѓето да не бидат невидливи.
  • Поважно е да си искрено сакана од неколкумина отколку да си лажно сакана од илјадници.
  • Популарноста е бесмислена.
  • Твојата вредност никогаш нема да доаѓа од другите. Мораш да научиш да се прифаќаш себеси ако сакаш и другите да те прифатат.
  • Давај повеќе отколку што земаш, но не дозволувај да си ги бришат нозете од тебе. Твојата мајка не те израсна правилно за да те газат.
  • Твоите пријатели треба да се добри кон тебе, но и кон другите луѓе.
  • Биди лојална. Биди им верна на твоите пријатели, без разлика дали се покрај тебе или не.
  • Пријателите не се играчки кои можеш да ги исфрлиш кога ќе ти здосадат. Длабоките пријателства бараат време и посветеност.
  • Биди покрај твоите пријатели дури и кога не го бараат тоа од тебе. Ако минуваат низ тежок период, провери ги, седни покрај нив и однеси им цвеќиња. Биди присутна дури и кога ти се чини дека е непријатно.
  • Ако на Мама не ѝ се допаѓаат, веројатно има добра причина за тоа.
  • Пријателството е едно од најважните нешта во кои можеш да инвестираш во животот.
  • Ако те повредат, секогаш сум тука за прегратка и разговор, сум била на твое место. Дај си време и милост за да закрепнеш, но слушни ме љубов моја, не се затворај и не се изолирај од светот. Отвори го повторно срцето, вреди да се ризикува. Те сакам до месечината и назад.
Мама

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.