Бинди Ирвин, ќерката на ловецот на крокодили Стив Ирвин, дефинитивно е бестрашна.
Најновите фотографии на познатата Австралијка се доволен доказ за нејзиниот ентузијазам и за љубовта кон сите видови животни. Во моментот, Бинди работи во „Australia Zoo“, зоолошка градина основана во 1970 година од семејството Ирвин.
„Целиот мој живот живеам во зоолошка, што е прилично лудо. Малку деца можат да се пофалат со тоа“ – изјавила бестрашната девојка, која заедно со мајка си го негува наследството на Стив Ирвин. „Тој беше најголемиот конзерватор на светот и не сакам никогаш да умре неговата порака“.
Поради работата на татко си, Бинди растеше пред камерите и пред будното око на јавноста, и уште на 6-месечна возраст се појави во емисијата „The Crocodile Hunter“.