Почетна » Новости » Занимливости » Писмо на мајка на пет деца исмевана на плажа поради стриите на стомакот

Писмо на мајка на пет деца исмевана на плажа поради стриите на стомакот

Отвореното писмо на Тенис Џекс-Блејк до двајца момци и девојка, кои ја исмејувале на плажа поради видливите стрии на стомакот, стана вирален хит. Гордата мајка на пет деца за првпат по 13 години одлучила да се соблече по бикини за да се сонча, но наишла на непријатна реакција.

Писмото во кое таа признава дека силно ја повредило покажувањето со прст и коментарите „Ох Господе, погледни, тоа е ***** гадно, тоа е одвратно, погледни колку е грозно“ доби над милион лајкови и стотици илјади споделувања на Facebook.

Тенис Џекс-Блејк

„Жалам ако мојот прв обид во 13 години да се сончам во бикини во јавност ве згрози. Жалам што мојот стомак не е така рамен и стегнат. Жалам што мојот стомак е прекриен со стрии. НЕ жалам што моето тело израсна, заштити, роди и негуваше ПЕТ фантастични, здрави, интелигентни и прекрасни човечки суштества.“

„Жалам ако моето 33-годишно тело од 57 килограми ве навреди толку многу што почувствувавте потреба да покажувате со прст, да се смеете и да се престорувате дека ме клоцате. Но, ќе ви кажам дека додека ги гледав вашите „совршени“ млади тела, само си мислев: Каков голем и прекрасен подвиг има направено ВАШЕТО тело?“

„Исто така, ќе ви кажам и дека ја држев главата високо и неколебливо додека ме исмејувавте, глумејќи дека она што го кажавте и направивте не ме засега. Но, јас плачев во автомобилот додека се враќав дома.“

„Благодарам што ми го уништивте денот. Луѓето како вас го прават овој свет грдо место исполнето со омраза. Не можам да не чувствувам жал за жените кои еден ден ќе ги носат вашите деца и ќе станат „грозни“ во вашите очи затоа што нивните тела ќе се променат за време на чудесниот процес на бременоста.“

„Можам само да се надевам дека еден ден ќе сфатите дека моите лузни од битките се нешто за гордеење, а не за срамење.“

Во коментарите на писмото илјадници мажи и жени ѝ даваат поддршка на Тенис, а многу други мајки преку фотографии ги покажуваат своите стрии на стомакот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.