Почетна » Новости » Занимливости » Мајка гордо ги покажува стриите на стомакот и вели: „Вреди болката, да се биде мајка е најубавото искуство“

Мајка гордо ги покажува стриите на стомакот и вели: „Вреди болката, да се биде мајка е најубавото искуство“

Мајка гордо ги покажува стриите на стомакот кои се последица на нејзината бременост и вели дека е горда што е првото уметничко дело на нејзината ќеркичка.

Пресила Фуртадо од Велика Британија ги направила трудничките фотографии само неколку часа пред породувањето сакајќи да ја покаже силата и моќта на женското тело. Нејзината ќерка Алеша се роди на 27 август минатата година.

За мајчинството, Пресила вели дека е најубавото чувство и незаменливо искуство:

Пресила Фуртадо

Да се биде мајка e најголемиот предизвик, највозбудливото и најтрансформирачко искуство кое една жена може да го доживее. Но, да се биде мајка исто така боли...

Ме болеше кога ја гледав трансформацијата на моето тело. Ме болеше кога гледав како моето тело се подели на две за да донесе нов живот на овој свет, ме болеше кога хормоните вриеја.

Ме боли тоа што не можам да спијам цела вечер и што морам да станувам безброј пати. Боли кога плаче без престан и покрај тоа што е преслечено, искапено, нахрането и сакано.

Доењето боли, не доењето боли уште повеќе. Боли кога има напади на бес, кога прави спротивно од она што јас го сакам.

Боли кога правам грешки, боли кога не знам дали сум добра мајка. Боли кога понекогаш ќе изгубам контрола. Ме боли кога се прашувам дали ова навистина е толку тешко, комплицирано, предизвикувачко.

Боли да се чувствуваш виновна за сè. Боли кога некој сака да ме критикува, да ми дава совети, да кажува што мисли за грижата и воспитувањето на ќерка ми. Боли да бидеш осудувана. Боли кога некој ѝ прави нешто без мое одобрување, кога ги занемарува правилата што ги сметам за важни.

Боли и многу боли. Најмногу боли стравот што го носи улогата на мајка. Стравот од иднината, стравот од насилството, стравот дека нашите деца ќе страдаат.

Но, не можам да кажам дека оваа болка не вреди. Вреди. Вреди секој длабок здив, секоја пролеана солза, секоја непроспиена ноќ. Вреди секоја капка пот. Вреди болката во телото, болката во душата и срцето, затоа што љубовта на мајката е најсилното чувство што некој може да го доживее и ништо не може да го замени тоа искуство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20946 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.