Пред околу шест години, светот го обиколи приказната на Ешли и Тајсон Гарднер. Парот допре до милиони лица со својата приказна за 8-годишната борба со неплодноста и неверојатната вест дека ќе добие два пара идентични близначки.
Нивните четири ќеркички Иви, Инди Меј, Есми и Скарлет се родија на 28 декември 2014 година, во 29. недела од бременоста и тежеа помалку од еден килограм. Но, денес слатките девојчиња воопшто не покажуваат дека се родени предвреме, бидејќи се здрави и пораснати деца.
Ако се сеќавате на сторијата за семејството Гардндер, со задоволство ќе ги погледнете нивните најнови фотографии.
Ешли и Тајсон осум години се обидувале да добијат дете, но неуспешно. Ендометриозата на Ешли го отежнувала процесот на зачнување, па тие одлучиле да се обидат со инвитро, кое минало успешно.
Среќата била огромна кога парот открил дека ќе добие не едно, не две, не три, туку ЧЕТИРИ бебенца. Реакцијата на Ешли беше овековечена со фотографии кои станаа хит на интернет.
„Пред година и пол решив да се отворам за нашите битки со неплодноста. Беше тешко кога постојано нè прашуваа зошто сè уште немаме деца. Ми се смачи да давам изговори за нешто што не беше под моја контрола и емотивно ме засегнуваше многу. Се отворив и не можев да поверувам колкава поддршка добив од сите. Дури и од луѓе кои не ги познавам. Беше прекрасно чувството да не морам повеќе да ја кријам оваа ужасна болест на неплодност и отворено да зборувам за тоа! Научив дека многу други парови поминуваат низ истото. И оттогаш имам можност да им помогнам на многу други кои се мачат и се чувствуваат сами во текот на тоа патување кое го крши срцето“ – раскажа тогаш Ешли во интервју за CNN.