На 18-ти февруари започна наградната игра на Пепси, каде сите обожаватели на овој бренд и фанови на Бијонсе ќе добијат можност да се натпреваруваат за една од 100-те вредни награди и секако за 20-те влезници за концертот на Бијонсе. Наградната игра ќе трае сè до 31-ви март. Критериумите за учество се едноставни, потребно е само да бидете фанови на Pepsi Македонија фан страната на Фејсбук и да ги следите правилата на игра. Исто така, 10-те најактивни учесници во наградната игра по автоматизам ќе одат на концерт.
„Сакаме да ги изненадиме нашите потрошувачи и да им понудиме едно незаборавно искуство кое е микс од вкусен пијалак и одлична забава. Брендот Пепси е вистински избор за голем број наши потрошувачи, кои се воедно и фанови на познатата музичка ѕвезда Бијонсе и затоа одлучивме да ги изненадиме преку оваа наградна игра – изјави Александар Чатлески, бренд менаџер на брендот Пепси од Прилепска пиварница.
Светската турнеја на Бијонсе насловена како „The Mrs. Carter Show World Tour“, започнува на 15-ти април со концертот во Белград. Се очекува Белград да биде почеток на едно спектакуларно музичко и визуелно доживување. Среќните добитници на една од 20-те влезници, ќе ја имаат таа привилегија да бидат првите кои ќе го видат овој спектакл кој потоа продолжува да се одржува во останатите земји во Европа и светот. Пепси секогаш ги изненадува своите фанови и овој пат им нуди едно незаборавно доживување да бидат едни од првите сведоци на ова музичко шоу.
Освен 20-те влезници за концертот на Бијонсе, останатите вредни награди се Sony видео MP3 плеери, брендирани маици со ликот на Бијонсе. Сите обожаватели на Пепси и Бијонсе може да учествуваат во оваа наградна игра неограничен број пати.
Извлекувањето на наградите ќе биде на 3-ти април, а среќните добитници ќе бидат објавени на 4-ти април на: www.prilepskapivarnica.com.mk, www.pepsi.com.mk, www.facebook.com/PepsiMakedonija.