Почетна » Новости » Занимливости » Пар цели три години јаде само овошје, тврди дека се чувствува помладо, поенергично и поздраво отсекогаш

Пар цели три години јаде само овошје, тврди дека се чувствува помладо, поенергично и поздраво отсекогаш

Пар цели три години живее фрутаријански начин на живот и тврди дека никогаш не се чувствувал подобро.

Тина Стоклоса од Варшава и Симеон Беун од Белгија се запознале на Бали откако и двајцата се преселиле таму за да се придржуваат кон избраниот начин на исхрана, а тоа е консумирање само овошје. Тие сакаат да бидат подалеку од искушенијата на Западниот свет.

Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун

39-годишната Полка и 26-годишниот Белгиец тврдат дека овој начин на живот прави да се чувствуваат помладо, поенергично, поекстатично и послабо.

Тина, која отсекогаш имала проблеми со прекумерната тежина, сега изгледа одлично и тврди дека со овој начин на живот воопшто не мисли на килограмите.

Парот живее во егзотични предели и консумира само слатки плодови и кокосова вода. Дневно, Тина и Симеон внесуваат помеѓу 2.000 и 4.000 калории. Тие исто така не си ги имаат измиено забите 2 години и тврдат дека растителните влакна во овошјето им ги чистат истите.

„Откако станав возрасна, започнаа моите проблеми со прекумерната тежина. Постојано влегував во циклуси на диети и неконтролирано јадење и со секоја измината година, станував сè поголема и побеспомошна. Имав успешна кариера во областа на ентериерот, но и покрај тоа бев сингл на 36 години.“

Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун

„За првпат пребарував рецепт за зелено смути кога најдов онлајн девојка која јадела само овошје, а потоа открив цела таква група од луѓе кои се хранеа на овој начин и се нарекуваа себеси фрутаријанци.“

„Најголем дел од нив изгледаа неверојатно здрави и имаа толку многу енергија што избраа да бидат атлетичари. Бев интригирана и одлучив една недела пред Божиќ да бидам на фрутаријанска диета за да го прочистам своето тело.“

„Таа недела, се чувствував неверојатно, лесно, оптимистички, летав 30 см над земјата – чувството беше како да се заљубувам во сè. Одлучив никогаш повеќе да не се враќам на ‘нормална’ храна. Полесно е да се каже одошто да се направи. Во првите две години копнеев за зготвена храна стотици пати“ – рекла таа.

Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун

Но, бидејќи оваа диета ѝ помогнала да си ја намали прекумерната тежина, Тина одлучила да се придржува кон неа без да потклекнува на искушенија.

„Уште од пред да станам тинејџерка до мојата 36-та година, мојот приоритет во животот беше да ослабам, но колку повеќе диети држев, толку подебела станував.“

„Не дека е важно, но откако исчезна вишокот тежина, никогаш повеќе не помислив на нешта поврзани со тежината и многу ретко зборувам за тоа. Интересно е, сега кога моето тело ја достигна идеалната тежина, моите килограми не се промениле воопшто три години. Без вежбање или со малку вежбање, јас можам да јадам колку моето момче, 26-годишен маж, и да не се здебелам. Дали фрутаријанскиот начин на живот има позитивни страни? Дефинитивно. Одржувањето на тежината е прелесно кога си на овошје“ – вели Тина.

Тина Стоклоса и Симеон Беун

Нејзиното момче Симеон станал фрутаријанец откако гледал видео за познат атлетичар кој јаде само овошје, а успева да ги истрча најтешките маратони во Топ 3.

„Станав фрутаријанец преку ноќ. Се почувствував неверојатно, а моето трчање толку се подобри што никогаш повеќе не погледнав назад“ – изјавил Симеон.

Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун

Енергичната ентузијастка тврди дека бројот на здравствени придобивки од фрутаријанската исхрана е огромен и дека таа може да помогне во борбата со многу болести.

„Предностите се слабеење, јадење неограничено количество овошје секој ден, подобрен квалитет на спиење, неверојатна енергија, поврзување со природата и со себе и со другите, се чувствуваш помладо секој ден, ја лекува депресијата и многу други ментални болести, ја намалува анксиозноста, ги лекува сите хронични дигестивни проблеми“ – вели Тина.

Иако Тина тврди дека постојат фрутаријанци кои излечиле рак со оваа диета, докторите предупредуваат дека тоа не е точно.

„Диетата става под знак прашалник сè што сме верувале за храната во нашата култура, кое е центрирано околу готвењето. Кога го јадете целото овошје, растителните влакна во овошјето ви ги чистат забите. Воопшто не си ги мијам забите. Кога по три години отидов на преглед, стоматологот ми рече дека забите ми се во толку добра состојба што не може да поверува.“

„Ве молам не го пробувајте ова со суво овошје, бидејќи тоа се лепи на забите и ги расипува.“

„За нас е најважно да го најдеме нашето омилено овошје во одреден момент и овошјето со најдобар квалитет за секој оброк. Не можете да го правите ова со јаболка ако мразите јаболка, не можете да го правите ниту со овошје со просечен квалитет, бидејќи нема да добиете доволно калории и хранливи состојки за да се чувствувате сито.“

„Генерално, тропското овошје е најблаго и највкусно, што и го поттикна нашето патување во тропските предели. Патуваме од едно место на друго следејќи ја сезоната на овошјата, а засега остануваме во Југоисточна Азија.“

Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун

„Понекогаш најголем дел од нашето време го поминуваме во потрага по најдобрите овошја. Некои ги купуваме од локалното население, други ги собираме сами во џунглата. Не постои повозбудливо нешто од ова за нас. Она што го имаме забележано е дека колку подобар е квалитетот на овошјето, толку поекстатично се чувствуваме.“

„Ако јадам просечно овошје, се чувствувам просечно. Ако јадам неверојатно овошје, се гледам себеси во огледало и се прашувам која е оваа неверојатна личност што зјапа во мене.“

„Ако имате сериозна болест за лекување или сте со прекумерна тежина, обидете се со оваа диета само 30 дена и ќе ги видите неверојатните резултати.“

„Во најмала мера, не консумирајте животни. Консумирањето месо е коренот кој ги предизвикува сите болести на овој свет. Сè во нашата анатомија укажува на тоа дека треба да јадеме плодови, и поради тоа луѓето кои јадат животни толку многу се разболуваат.“

„Фокусирајте се на тоа секојпат да го јадете вашето омилено овошје и она кое е со најдобар квалитет. Дајте си неколку години за да преминете целосно на веганска исхрана. Нема да биде лесно, но вреди“ – вели Тина.

Тина Стоклоса и Симеон Беун Тина Стоклоса и Симеон Беун

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.