Меган Маркл и војвотката Кетрин ги придружуваа принцовите Хари и Вилијам на церемонија во Лондон по повод одбележувањето на Денот на Комонвелтот.
Двата кралски парови зрачеа со елеганција и префинетост додека се упатуваа во Вестминистерската катедрала.
Меган блесна во бело палто од Аманда Вејкли и соодветна беретка, додека бремената војвотка се појави во тегет креација од луксузниот бренд Beulah London.
На церемонијата присуствуваше и кралицата Елизабета II.