Роси Меркадо ослабе 90 килограми откако од авионска компанија ѝ рекле дека поради нејзината прекумерна тежина мора да купи карти за две седишта.
35-годишниот plus-size модел го привлекувал вниманието на модните агенции со убавите црти на лицето, но само еден поглед кон нејзиното тело ги одвлекувало агенциите од помислата да склучат договор со неа. Дебелината ѝ била најголемиот непријател, кој ја спречувал во остварувањето на својот сон.
Вишокот килограми ја спречувале и да ги извршува секојдневните обврски и влијаеле на блискоста со нејзините три деца. Таа морала да ангажирала дадилка за да ѝ ги носи децата во Дизниленд, бидејќи не смеела да се качува на лудите железници.
„Направив многу погрешни избори, посегнувајќи по брза храна како хамбургери од McDonald’s и суперголеми порции помфрит, наместо овошје и зеленчук. Здравјето не ми беше приоритет и тоа влијаеше на сè што правев, особено на минувањето квалитетно време со моите деца“ – рекла таа.
Клучен момент кој ја натерал Роси да започне со драстичното слабеење, бил инцидент со авионска компанија. Кога пред четири години таа тргнала на патување до Њујорк, од авионската компанија побарале од неа да плати за дополнително седиште поради нејзината тежина. Меркадо, која тогаш тежела 186 килограми, со солзи во очите го прифатила барањето.
Тогаш, таа решила да го промени својот живот, започнувајќи од намалување на својата тежина. Три години подоцна, Меркадо тежи 91 килограм и цели да ослаби уште 9-10 килограми.
Во минатото, облините на Роси ѝ биле гордост. Таа учествувала во натпревари за убавина за жени со облини и во 2011 година била дел од телевизиското шоу „Curvy Girls“.
„Не беше најлесното патување, имав подеми и падови. Но, кога ќе го споредам квалитетот на мојот живот сега со животот во минатото, знам дека вредеше“ – вели Меркадо.
Таа сега може сама да ги носи своите три деца во забавниот парк Дизниленд и нејзината кариера како модел започнала да се движи по нагорна линија.