Кога ќе ја видите новата Мис Јужна Каролина, можеби ќе си помислите дека нејзината фигура и убав изглед се постигнати со многу труд, но никогаш нема ни да ви падне на ум дека оваа убавица само пред неколку години се борела со дебелината.
Бри Бојс во саботата стана Мис Јужна Каролина и со тоа го заработи своето учество во натпреварот за убавина Мис Америка, кој ќе се одржи во јануари во Лас Вегас.
22-годишната Бри во моментов е презафатена со интервјуа за познати медиуми, а насекаде каде што оди ги носи со себе огромните фармерки кои ги носела кога била тешка 106 килограми.
Нејзината цел е да ги поттикнува луѓето да се хранат здраво и да се грижат за својот изглед. Таа тврди дека големата тежина ја изгубила само со здрава исхрана, без да држи некаква диета.
Бри постојано посетува училишта низ државата за да ги информира младите за важноста на здравата храна и физичката активност. „Мојата цел во животот е да ги инспирирам луѓето од сите возрасти да станат здрави преку добри навики за хранење, вежбање и верба во себе“ – изјавила таа.