Почетна » Новости » Занимливости » За 18 месеци ослабела 95 килограми

За 18 месеци ослабела 95 килограми

Хариет Џенкинс со помош на здрава исхрана и вежбање успеала да изгуби повеќе од половина од својата тежина за целосно да си го промени животот и да ја добие работата од соништата.

25-годишната Хариет само пред 18 месеци тежела 168,5 килограми, немала работа и била во депресија, но сега сето тоа е зад неа.

Хариет ЏенкинсХариет Џенкинс пред 18 месеци Хариет ЏенкинсХариет Џенкинс денес

„Пред 18 месеци тежев повеќе од 168 килограми. Бев невработена, луѓето ме навредуваа на улица и моето семејство се плашеше дека прерано се упатувам кон гроб. Ослабев повеќе од половина од мојата тежина и верувам дека ништо не е невозможно. Сакам да го споделам тоа чувство со колку што може повеќе луѓе“ – изјавила Хариет.

Хариет била пополна уште како дете, но најголем дел од тежината започнала да ја добива откако на нејзиниот татко му била дијагностицирана фатална болест на џигерот во 2002г.

Откако тој починал наредната година, Хариет постојано јадела на емотивна база и до моментот кога наполнила 18 години веќе тежела 114 килограми.

Кога заминала на факултет, не можела да се вклопи во друштвениот студентски живот и навечер гледала ТВ во својата соба со пица или друг готов оброк и шише вино.

По иницијатива на нејзина пријателка, Хариет се вклучила во групата за слабеење Slimming World.

Пицата, газираните пијалоци и другата брза храна ги заменила со риба и домашно приготвени зеленчуци и овошје. На почетокот само пешачела, но со текот на времето ја зголемувала физичката активност. Во првата недела од диетата Хариет ослабела 4 килограми, а до крајот на првиот месец скоро 10 килограми.

За 18 месеци успеала да ја намали својата тежина до 73 килограми, а истовремено добила и работа како учителка. Хариет вкупно изгубила 95 килограми.

„Мојот живот е сосема поинаков сега и постигнав нешта кои никогаш не мислев дека ќе ги постигнам, како добивањето на мојата работа од соништата – да бидам учителка. Но, тоа не е само затоа што изгледам поразлично и што тежам помалку, туку и поради тоа што сум посамоуверена и конечно среќна со она што сум.“

„Многу сум горда на себе, на тоа што презедов контрола врз мојот живот и не мислам дека ќе се чувствував исто ако имав операција која ќе ме принудеше да се променам“ – изјавила Хариет.

Таа е прогласена за жена на годината од Slimming World.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.