„Потребно е цело село за да израснеш дете и тажно е да мора да го правиш тоа сама“ – вели Нина Петерсон, осамена мајка која онлајн побара „баба“ за својата мала ќеркичка. И ја пронајде.
Нина од Австралија ги поминала првите пет месеци од мајчинството сама со бебенцето. Покрај тоа што чувствувала огромна радост, неретко била обземена од чувство на осаменост.
„Моето семејство живее многу далеку, а мојот партнер нема семејство“ – објаснила Нина.
Поради тоа, таа собрала храброст да се обрати до луѓето од нејзината заедница за поддршка. Она што се случило следно ѝ ја вратила вербата во човештвото.
„Само прашав дали некој сака да биде посвојувачка баба за мене и за моето бебе. Светот изгледаше толку студен во тој момент и добивањето на сите тие пораки полни поддршка, беа како потсетување дека сè уште има многу добри луѓе“ – рекла Нина.
Преку својата објава, мајката се поврзала со 61-годишната Кристин Арно која живеела во близина и која отсекогаш посакувала да има внуче.
„Само помислив дека оваа неверојатна млада мајка е доволно храбра за да побара поддршка, па зошто јас да не бидам доволно храбра за да одговорам. Имам неисцрпна залиха на љубов за давање.“
„Дефинитивно добивам повеќе отколку што можам некогаш да дадам. Лудо е колку голема радост ми носи. Дури и ако некоја од моите ќерки забремени, нема да престанам да се гледам со Нина, бидејќи тие се дел од мојот свет сега“ – рекла бабата.
Многумина коментираат дека ова е одлична идеја, па дури и прашуваат каде може да се запишат за да бидат баби и дедовци.
„Кога имав 9 години, замолив повозрасна пријателка на моето семејство да ми биде баба затоа што живеев далеку од моите вистински баби. Таа прекрасна жена беше таму за мене на секоја приредба и на секој важен настан сè до нејзината смрт. Ми даде многу љубов“ – стои во еден коментар.