Почетна » Новости » Занимливости » „Ова е реалноста“: Фитнес ѕвездата Лиса Ленсфорд се породи и го покажа своето тело по породувањето

„Ова е реалноста“: Фитнес ѕвездата Лиса Ленсфорд се породи и го покажа своето тело по породувањето

Лиса Ленсфорд се породи.

Фитнес ѕвездата, која е инспирација за повеќе од 3,7 милиони Instagram корисници, го доби првото дете со тренерот Роман Ленсфорд. Како и во текот на бременоста, така и по породувањето, Лиса со фотографии ги овековечува промените на нејзиното тело, не плашејќи се да го сподели тоа со своите обожаватели.

Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд

„Дами, ова е реалноста. Сакам да ги овековечам промените на моето тело по породувањето, како што го правев тоа и во текот на бременоста. Женското тело е апсолутно ФАСЦИНАНТНО! Никогаш не сум имала толкава љубов кон него“ – напиша таа на Instagram.

„Стомачето не исчезна веднаш по породувањето како што можеби гледате на социјалните мрежи. Сега е слатко и меко нешто“ – додаде таа.

Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд

Британската инструкторка забремени со помош на инвитро и на почетокот од бременоста не можела да тренира. По 12-тата недела, таа се почувствувала многу подобро и се вратила на фитнес тренинзите и вежбаше до раѓањето на синчето.

Лиса е свесна дека многумина ќе ја критикуваат поради нејзината одлука да се врати на физичката активност само 10 дена по породувањето. Но, таа вели дека го познава своето тело и знае што може, а што не.

И покрај тоа, по објавувањето на видеата од тренингот постпартум, Ленсфорд доби бројни критики и коментари дека требало да ужива во првите денови од мајчинството и доењето, а не да тренира. Но, таа има и огромна поддршка од жени кои ја сметаат за инспирација.

„Можете да се обидете да ми го одземете сјајот, но јас имам многу посилна волја за да дозволам негативноста да допре до мене. Благодарност до мнозинството од вас кои ми пружат неверојатна поддршка и охрабрувачки зборови. Жени кои поддржуваат жени е она што сакаме да го видиме“.

„Се релаксирам со тренинг со лесна тежина. Правилно се чувствувам и се гордеам со себе. Се трудам да бидам најсилната верзија од мене, ментално и физички, за мене и за моето бебе. Можам да си одделам 3 часа неделно за мене додека бебето спие. Не дека треба да се оправдувам, но постојано добивам смешни пораки, па само да разјаснам“.

„Вежбањето нуди многу повеќе од физички резултати. Повеќе е за менталниот аспект и за мене отсекогаш се работело за тоа“.

„Мојата намера не е да направам некој да се чувствува лошо, туку да инспирирам и да им покажам на жените дека постои начин да го одржуваат своето ментално и физичко здравје и дека е возможно да бидат најдобра верзија од себеси за бебето, партнерот и најважното за нив САМИТЕ“ – порачува Лиса.

Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд Лиса Ленсфорд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.