Детенце родено со зајачка уста доби крзнен миленик ист како него. Тие сега се неразделни.
Таткото на малиот Бентли бил во засолниште за животни за да посвои кокошки и да ја зголеми својата фарма, кога го видел кученцето. Тоа веднаш го потсетило на неговото синче кое е родено со расцеп на усните и непцето.
„Ми беше прилично шокантно. Никогаш дотогаш немав видено куче со зајачка уста“ – рекол таткото Брендон за моментот кога го видел кучето. Тој веднаш ѝ се јавил на сопругата за да ѝ каже.
„Без размислување му реков да го посвои. Му реков да ни ја донесе дома денес“ – рекла мајката.
Но, од засолништето им рекле дека мораат да почекаат 2 дена за да завршат сите ветеринарни прегледи. Родителите не можеле да чекаат и следниот ден го одвеле
„Веднаш се вљубија еден во друг. Само што го виде рече: ‘Ова е мое куче, го сакам.’ Го бакнуваше и прегрнуваше, а тоа го лижеше. Се чинеше како да им е судено. Во животот ќе го има овој мал пријател кој минува низ истите нешта како него и кој ќе го поддржува“ – рекла мајката Ешли.
„Сите плачевме додека ги гледавме двајцата заедно. Ова беше нешто што никогаш не сме го виделе. Неверојатен е самиот факт што кучето дојде од место оддалечено 1.500 км, а таткото на Бентли се погоди тука во тој момент.“
„Кучето веднаш почна да ја впива целата негова љубов. Тоа беше искрена радост“ – велат од засолништето.
Ешли открила дека Бентли има аномалија на лицето во 20-тата недела од бременоста. Нејзиниот син поминал низ две операции за целосно затворање на расцепот.
„Дознав дека ќе има зајачка уста за време на прегледот со ултразвук за откривање на полот. Првата операција ја имаше на 5-месечна возраст. Тој е најсилното момче кое го познавам“ – вели Ешли.