Почетна » Новости » Занимливости » „Облечи шорцеви, спортски градник... облечи што и да посакаш“: Моќна порака до жените за самодовербата

„Облечи шорцеви, спортски градник... облечи што и да посакаш“: Моќна порака до жените за самодовербата

Кејти Урста секојдневно им помага на луѓето да пронајдат среќа и да си ја зголемат самодовербата.

Популарната авторка напиша моќен текст во кој им порачува на припадничките на понежниот пол да носат сè што прави да се чувствуваат убаво и да престанат да се фокусираат на нивните недостатоци. Пораката на Кејти е дека не е толку важно што носите, колку што е важно да го носите со самодоверба. Така, комплиментите нема да изостанат.

Кејти Урста

Еј, сестро.
Облечи шорцеви.

Знам, знам...
Ги гледаш длапките и целулитот.

Кому му е гајле.
Облечи шорцеви.

Еј, сестро.
Облечи си спортски градник.

Знам, знам.
Ги гледаш стомачните мускули кои се далеку од совршени.
Ги гледаш витките.

Кому му е гајле.
Облечи си спортски градник.

Еј, сестро.
Облечи си што и да посакаш.

Знам, знам.
Ги гледаш несовршеностите.
Ги гледаш облините.
Ги гледаш лузните.
Ја гледаш постарата, позбрчкана и позрела верзија од себеси.

Кому му е гајле.
Носи што и да посакаш.

Но, сестро, еј.
За мене си убава.

Гледам жена која заслужува да се чувствува убаво во што и да одлучи да носи.

Самодовербата стои прекрасно на тебе, сестро.
Носи ја гордо.

Кога јас ќе те видам како се појавуваш самоуверено, онаква каква што си, ќе бидам таа девојка која ќе те охрабри и ќе ти каже дека самодовербата одлично ти прилега.

Носи ја, сестро.
Поседувај ја несовршено убаво.
Само носи ја.

Кејти Урста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21664 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.