Се сеќавате ли на Селест Барбер? Оваа Австралијка е веќе вистинска ѕвезда на Instagram со околу 2,5 милиони следбеници. Комичарката се прослави со создавањето на смешни верзии на фотографиите на славните. Притоа, Селест не се плаши да го покаже своето тело од „лош агол“ и во „лошо светло“.
Фотографиите на Селест го прикажуваат контрастот помеѓу обработените, фотошопирани фотографии на славните и фотографиите што би настанале ако просечен човек се обиде да ги имитира нивните пози.
Селест веќе станува своевидна феминистичка икона. Хуморот и забавата не се единствените цели на оваа мајка на четири деца. Таа сака преку комичен начин да им покаже на сите жени дека сѐ е во ред со нивните тела и нивниот изглед. „Преку глава ми е од тоа што славните си мислат дека се подобри од другите луѓе“ е изјавата на Селест, со која веројатно сочувствуваат и илјадници други жени.
Погледнете ги најновите креативни експерименти на оваа комичарка: