Различностите го прават светот поубаво место за живеење – ова е пораката која сака да ја пренесе Меги Свитс преку фото-проектот „Shades od Beauty“ (Нијанси на убавината).
Фотографката, која постојано нижи проекти за силните жени, повика 10 средношколки со различна боја на кожата целејќи да создаде моќни фотографии. Сите тие имаат различно потекло, но изгледаат прекрасно на фотографиите.
„Како имигрант, жена и фотографка, не можев да побарам проект во кој повеќе би се пронашла. Срцето ми е полно“ – пишува Меги.