Почетна » Новости » Занимливости » „Никој нема да те сака повеќе од родителите, но тоа ќе го разбереш само кога ќе станеш родител“

„Никој нема да те сака повеќе од родителите, но тоа ќе го разбереш само кога ќе станеш родител“

Родителската љубов е безусловна, чиста, искрена и неспоредлива.

Даниела Шерман-Лазар ја издигнува љубовта на мајките и татковците кон нивните деца со текст кој освои многу нејзини следбеници. Талентираната мајка на две деца честопати пишува за мајчинството и е хит меѓу родителите.

Илустрација

Твоите родители секогаш ќе те сакаат повеќе: од твојот партнер, од твоите најблиски пријатели, отколку што ти ги сакаш нив, од сите.

Бидејќи иако тие луѓе те сакаат многу, можеби и премногу, љубовта на твоите родители е неспоредлива. Бидејќи тоа е различен вид на љубов.

Тоа е љубов која ја става твојата благосостојба над нивната.

Љубов која е толку силна, што понекогаш дури и боли.

Љубов којашто се грижи за тебе цела ноќ кога се соочуваш со болест.

Љубов која се менува заедно со твоите потреби, но секогаш е таму.

Љубов која заштитува и поддржува.

Бидејќи твоите родители се вљубија во тебе уште кога беше само помисла, уште пред да те запознаат, пред да бидеш мало бебенце кое го собираше во нивните раце.

И тој вид љубов кој сака безусловно е моќен.

Затоа што никој друг на целиот свет нема да те сака на тој начин.

Не можеш да сакаш повеќе од родител и нема да го разбереш тоа додека не станеш родител.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.