Почетна » Новости » Занимливости » Никогаш не е доцна: Жена си го трансформираше телото во седмата деценија од животот

Никогаш не е доцна: Жена си го трансформираше телото во седмата деценија од животот

Жена си го трансформираше телото во седмата деценија од животот и сега инспирира многумина да водат поздрав и поактивен начин на живот без оглед на возраста.

Илен Блок Илен Блок

Илен Блок е доказ дека никогаш не е предоцна за промени и дека ништо не е невозможно ако доволно силно го посакувате. Упорната жена на 61-годишна возраст одлучила дека е време да го живее својот живот најдобро што може. Таа ја започнала трансформацијата со тежина од 83 килограми и сега тежи 58 килограми.

Сега, две години подоцна, Илен не ги намали само килограмите, туку со помош на тренинзи со тежина целосно си ја промени композицијата на телото.

„Надворешните промени се очигледни, но внатрешните ја направија најголемата разлика и го прекинаа 40-годишниот циклус на јо-јо ефект од диетите. Тоа плус моето разбирање на макро калориите и конкретно зголемувањето на внесот на протеини“.

„Ако можам јас, можете и вие. Потребно е да си бидете самите себе приоритет, да се ослободите од изговорите и да ја сработите работата“ – вели Илен.

Илен Блок Илен Блок Илен Блок

Ако сакате да го започнете вашето патување, еве ги моите совети:

  • Дисциплина, не мотивација. Бидете дисциплинирани, мотивацијата доаѓа и си оди. Дајте си ветување себеси и одржете го!
  • Истрајност, не совршенство. Бидете упорни, не совршени и во исхраната, но и во вежбањето.
  • Вие сте уникатни и патувањето е ваше – не се споредувајте со никој друг. Искористете ги како инспирација или можеби мотивација ако ви е потребна. Споредувањето е крадец на радоста.

Запомнете, никогаш не е премногу доцна за нов почеток. Ве молам не дозволувајте возраста да биде причина за да не го започнете вашето патување кон лична трансформација. Клучно е да не се откажувате и да не дозволувате ништо да ви застане на патот. Во минатото, јас бев кралица на преговарање со самата себе – „Не можам сега да го направам тој тренинг. Ќе го направам утре“. Тоа никогаш не се случуваше. Сега – едноставно го правам! Можеби нема да биде совршено, можеби сум изморена, но давам сé од себе секој ден. И вреди!

Илен Блок Илен Блок Илен Блок Илен Блок Илен Блок

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.