Почетна » Новости » Животни стории » Неверојатна приказна: Исмејувана Гркинка со церебрална парализа инспирира со мускулестото тело

Неверојатна приказна: Исмејувана Гркинка со церебрална парализа инспирира со мускулестото тело

Девојка со церебрална парализа од Грција ја раскажа својата животна приказна за да ги инспирира луѓето да го одржуваат своето тело силно, независно од здравствените проблеми со кои се соочуваат.

Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис

Маријана Сфакианакис постојано мами комплименти со мускулестото тело и одличниот изглед, но тоа не било отсекогаш така. 22-годишната Гркинка, која од мала живее во Австралија, се родила предвреме и како последица на тоа, страдала од церебрална парализа.

Додека била дете, таа постојано вила исмејувана затоа што не одела како другите деца, но малтретирањето продолжило и во средно училиште.

„Најчесто тоа беше вербално, но имаше и физичко малтретирање. Секогаш бев мека и не се бранев себеси, затоа што се плашев. Мислев дека не можам да направам ништо и дека дури и да направам, тоа само ќе jа влоши ситуацијата“ – вели Маријана, која благодарениe на фитнесот, целосно си го трансформира не само својот изглед, туку и својот начин на размислување.

„Се направив себеси силна и независна млада дама, која секогаш се стреми на секојдневен напредок. Моето фитнес патување имаше огромно влијание врз мојот живот денес, исто како и поддршката од сите мои пријатели и семејството“ – додава таа.

Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис

На својот профил на Instagram, таа неодамна сподели фотографии од своето детство, а во описот ја раскажа својата приказна.

Еве го нејзиниот пост:

Се родив во Грција како прематурно бебе. Докторите ѝ рекоа на мајка ми пред да се родам дека ќе бидам мртвороденче, па немаше никакви подготовки за по породувањето. Веднаш бев пренесена на одделот за интензивна нега, но во меѓувреме изгубив големо количество кислород што предизвика оштетување на мојот мозок и резултираше со трајна состојба наречена церебрална парализа.

Ова влијаеше на движењето на моите нозе, контролата над мускулите и рамнотежата. Живеев во Грција до мојата петта година, а потоа се преселивме во Австралија во потрага по постручни доктори и понапредни третмани.

Како мало дете никогаш не сфаќав што навистина ми се случува и зошто сум различна од сите останати деца на училиште. Ме исмејуваа што не одев како сите останати и затоа што бев во инвалидска количка. Ова ми предизвикуваше анксиозност и депресија, и бидејќи бев многу млада, не знаев како да се справам со тоа освен да се самоповредувам.

На 6-годишна возраст имав голема операција и за малку немаше да ја преживеам 8-часовната процедура, поради која имам 9 лузни на моите нозе. За среќа, операцијата беше успешна, а јас бев на пат да се опоравам. Бев во кревет, не можејќи да ги мрднам моите нозе речиси 8 месеци, но полека научив како да одам повторно, чекор по чекор. Започнав со одалка, па со патерици, па без помош.

Напредував многу во моето одење и тоа беше најбрзо опоравување од кого било претходно по ваква операција. Бев решена да бидам подобра и едвај чекав да ја покажам „новата јас“. Иако ми кажаа дека никогаш нема да бидам 100% „нормална“, моите резултати беа неверојатни и бев многу среќна и благодарна. Никогаш не сум посакувала да бидам совршена. Само подобра.

Одењето во средно училиште исто така беше тешко, бидејќи исмејувањето продолжи, а јас започнав да губам надеж. Поради тоа се отпишав и започнав да тренирам. Тогаш ми се промени животот. Се заљубив во фитнесот и се заљубив во себе. Ова патување до закрепнување и влегување во фит форма ме промени физички, но што е уште поважно, ме промени ментално. Им должам сè на оние кои веруваа во мене и кои ме сакаат токму онаква каква што сум.

Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана СфакианакисМаријана Сфакианакис на 19 и 22 години Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис Маријана Сфакианакис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.