Бугарка низ интересни илустрации прикажува што прават луѓето дома додека трае социјалната изолација.
Клементина Петрова го користи својот талент за сликање за да го илустрира секојдневието со нејзиното момче, но и за да го помине карантинот на креативен начин.
„Помина повеќе од еден месец од почетокот на социјалната изолација. Го илустрирам секојдневието дома со моето момче. На некои од илустрациите сме ние, на некои се измислени ликови. Тоа ме смирува и ми помага да го поминам времето, правејќи нешто креативно. Дури и сега, кога сите денови се прилично исти, има многу мали моменти кои ги прават посебни“ – вели таа.