Пред една недела се одржа крштевката на малиот принц Луи во кралската капела во палатата Сент Џејмс, а британското кралско семејство сега ги објави официјалните портрети.
Фотографот Мет Холиоук ги фотографираше принцот Вилијам и војвотката Кетрин заедно со нивните три деца непосредно по завршувањето на церемонијата.
На едната фотографија, шармантната Војвотка со милост го гледа новородениот принц додека го држи во прегратка.


На третата фотографија петчленото семејство за првпат позира заедно. 3-годишната принцеза Шарлот и 4-годишниот принц Џорџ слатко се смешкаат покрај своите родители и братчето.
Малиот принц го носи истиот фустан во кој беа крстени и принцезата Шарлот и принцот Џорџ. Бежовата креација е рачно изработена реплика на традиционалниот фустан од деликатна тантела и бел сатен сошиен за најстарата ќерка на кралицата Викторија во 1841 година.
36-годишната Војвотка носи бела креација од Александар МекКвин додека модниот додаток за глава е со потпис на Џејн Тејлор.

На останатите фотографии на кралскиот пар им се придружија принцот Хари со војвотката Меган, принцот Чарлс со војвотката Камила и семејството Мидлтон. Кралицата Елизабета II ја нема на фотографиите.


Принцот Луи се роди на 23 април оваа година и е петти во линијата наследници на британскиот престол.