Сијамски близначки, кои неколку месеци по раѓањето беа успешно раздвоени, сега го прославија својот прв роденден.
Телата на малите Ела и Елиза биле споени во пределот на абдоменот и тие морале да живеат така до 4-месечна возраст. Тогаш, била извршена ризична 6-часовна операцијата за нивно раздвојување.
Слатките девојчиња денес се во добра здравствена состојба и сè уште се неразделни.
„Постојано се една покрај друга. Постојано се една покрај друга. Секое утро стануваат и прво започнуваат да ‘зборуваат’ една со друга и се смешкаат“ – вели мајката Сенди, која ги нарекува „бебиња чуда“ и „близначки гушкала“.
За нивниот прв роденден, родителите им организираа снимање на слатка фотосесија.
Ела и Елиза имаат и поголема сестричка.
Ела и Елиза морале да посетуваат физикална терапија до јануари оваа година. Тие одлично напредуваат со оглед на фактот што не можеле да ги користат мускулите на јадрото со месеци.
„Ме изненадува како можат да го прават сето ова, откако не можеа да користат ниту еден од нивните мускули на јадрото речиси 4 месеци. Бебињата навистина се многу издржливи“ – напиша мајката.
Таа и нејзиниот сопруг дознале дека близначките се споени во 12-тата недела од бременоста.
„Сијамски близнаци се раѓаат еднаш на секои 50.000 до 60.000 породувања, а многу од нив се раѓаат мртви. Приближно 75 проценти од сијамските близнаци се споени делумно кај градите и делат органи“ – стои во објава од детска болница од Филаделфија.