Врската мајка-дете е една од најважните и највлијателните во животот на детето. Низ годините таа е турбулентна, но цврста и нераскинлива.
Тимот на BrightSide создаде илустрации за низ примери да покаже каков е тој однос додека децата се мали и колку улогите се менуваат кога тие ќе пораснат.
Прво мајките се грижат на децата да им биде топло, а потоа на ред се децата да се грижат нивните мајки да не настинат.
Некогаш, мајките ги учеа децата да користат молив. Сега, децата ги учат мајките како да користат мобилен телефон.
Кога децата се тинејџери, врската со мајката е бурна, но подоцна се смирува и тие стануваат најдобри пријатели.
Претходно, мајките ги носеа децата на доктор, а сега децата ги носат мајките на лекарски преглед кога не се чувствуваат добро.
Некогаш, мајките ги носеа децата да си купуваат облека во продавници, но сега, децата ги учат мајките како да купуваат облека онлајн.
Некогаш, мајките ги наоѓаа изгубените предмети на децата. Сега, децата се тие кои ги наоѓаат предметите кои мајките ги изгубиле.
Порано, мајките ги молеа децата да им се јавуваат кога ќе стигнат некаде, но сега, децата бараат од мајките да им се јават кога ќе стигнат дома.
Некогаш, мајките ја средуваа косата на нивните ќерки, Сега, нивните ќерки им ја средуваат ним.
Додека беа малечки, мајките ги молеа децата да јадат доволно овошје и зеленчук. Сега, децата ги молат мајките да се хранат здраво.
И за крај, мајките отсекогаш можеле да почувствуваат што се случува во главата на детето. И сè уште можат.