Породувањето е прекрасен момент, но кога бебето се раѓа во непробиена амнионска обвивка, тоа станува неверојатен и фасцинантен феномен.
Во видео снимено во болница во Шпанија, бебето лежи на болничката маса целосно завиено во амнионската обвивка и сè уште поврзано со папочната врвца. Тоа се родило со царски рез кратко време откако неговиот близнак дошол на овој свет.
Ова е многу редок момент, бидејќи само 1 на 80.000 бебиња се раѓа во цел водењак. Видеозаписот ни дава можност да видиме како изгледа бебето во утробата, бидејќи тоа се однесува исто како сè уште да е во стомакот на неговата мајка.
Вообичаено, водењакот пука кога ќе започне процесот на породувањето.