Почетна » Новости » Занимливости » Неверојатна фотографија покажува како ги собира карлично поставените бебиња во матката

Неверојатна фотографија покажува како ги собира карлично поставените бебиња во матката

Ако некогаш сте се прашувале како ги собира карлично поставените бебиња во матката, тогаш сте на вистинското место. Фотографија од бебе кое било свртено обратно во матката стана хит.

Таа била споделена од мајката Кристен, а не неа е фотографирана нејзината ќеркичка Ема непосредно по раѓањето.

„Ова е моето мало кутро карлично поставено бебенце! Дојде на овој свет превиткано на половина“ – напиша мајката во описот на фотографијата.

Приказната за раѓањето на девојчето беше споделена од BabyCenter.

Ема

Кога бев бремена со Ема, имав бременост од соништата. Никогаш не ми се лошеше, не бев уморна и не чувствував неудобност. Обожавав да сум бремена! Се изненадив кога на рутинскиот преглед во 34. недела открија дека имам карлично поставено бебе!

Пробав сè за да ја натерам да се сврти. Немав среќа. Докторот ми закажа царски рез на 39 недели. За среќа, царскиот рез и опоравувањето помина лесно и имав здраво бебе во рацете!

Непосредно штом ја извадија Ема од мојот стомак, мојот сопруг ја направи оваа луда фотографија кога ја имам урамено во мојата дневна соба. Никогаш немав видено бебе кое буквално е превиткано на половина. Докторите рекоа дека изгледа добро, но дека ќе мора да посетиме специјалист да направи испитувања за да се увериме дека нема дисплазија на колковите.

За среќа, Ема немала никакви проблеми и на околу 2-месечна возраст нејзиното тело се исправило. Сега Ема е пораснато девојче кое нема никакви здравствени проблеми.

Ема

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 22102 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.