За првпат во историјата, девојка се натпреваруваше на Мис Англија комплетно без шминка.
Мелиса Рауф цели да се избори против нереалните стандарди за убавина наметнати од социјалните мрежи и да им покаже на другите дека треба да го прифатат својот природен изглед.
20-годишната девојка од Лондон носеше гламурозен фустан во мастило-сина боја.
На полуфиналната вечер, таа ја доби титулата „Bare Face Top Model“.
„Ова многу ми значи, бидејќи мислам дека многу девојки од различни возрасти носат шминка само затоа што чувствуваат притисок за тоа. Сметам дека луѓето треба да ги сакаат своите маани и недостатоци, бидејќи знаеме дека вистинската убавина се крие во едноставноста. Неодамна прифатив дека сум убава во својата кожа и затоа решив да се натпреварувам без шминка. Не се плашам да покажам која сум. Нашите недостатоци нè прават уникатни“ – изјавила Мелиса.
„Многу девојки ми рекоа дека направив да се чувствуваат посигурни во себе. Бидејќи менталното здравје е многу голема тема, сакам да направам сите девојки да се чувствуваат убаво. Само сакам да ги отстранам сите стандарди за убавина. Сметам дека сите девојки се убави на свој начин“ - додала Мелиса.