Љубовната приказна на Ерин Филд и Џек ќе ви го згрее срцето.
Заљубените дечко и девојка се заедно повеќе од три години и не дозволуваат ништо да ја уништи нивната поврзаност.
По само четири месеци врска, Ерин доживеала тешка сообраќајна несреќа. Поради сериозна повреда на 'рбетниот мозок, таа останала парализирана, а грижливото момче не ја напуштило, напротив тој ѝ бил најголема поддршка во најтешкиот период од животот.
За да покаже колку е среќна што го има Џек во животот, Ерин направи компилација од значајни моменти од нивниот живот. Видеото буди емоции кај секој што ќе го погледне.
„Го запознав моето момче 4 месеци пред несреќата... Се здобив со сериозна повреда на 'рбетниот мозок. Џек никогаш не ме напушти, иако му велев дека не мора да остане со мене. Се вративме заедно на факултет. Дипломиравме во 2018 година. Се преселивме од Мериленд во Бостон. Најдовме стан. Вдомивме кученце. Тој ми е момче веќе три години. Си зедовме уште едно кученце. Многу сум среќна што го имам него!“ – пишува низ видеото.