Турчинката Хатиче Кочоман тежи само 6,8 килограми и е висока 71 сантиметар. Таа официјално е прогласена за најмалата жена во светот од Гинис.
21-годишната Хатиче, која живее со своите родители во сиромашен дел на Турција, изјавила дека кога била мала ѝ било тешко поради нејзината големина, но сега се гордее со тоа.
„Ми беше тешко кога бев дете затоа што моите соученици ми се потсмеваа дека сум мала. Но, сега сум славна токму поради мојата големина. Па, тоа ме прави да се чувствувам како да сум многу поголема. Се надевам дека ќе патувам и ќе запознавам многу луѓе, вклучително и највисокиот човек на светот“.
„Господ ме создал ваква каква што сум и се гордеам со тоа. Се надевам дека еден ден ќе најдам некој што ќе ме сака“ – изјавила таа.
Хатиче воедно е и втората најмала личност во светот. Единствено Кагендра кој е висок 65,5 сантиметри е помал од неа.