Џорџ е името на кучето, чии сопственици се надеваат дека ќе ја добие титулата најголемо куче во светот.
Четиригодишното куче кога е исправено достигнува неверојатни 2,21 метри, а тежи 111 килограми. Со својата висина од 1,082 метри (42,62 инчи) Џорџ може да ја преземе титулата највисоко куче од кучето Гибсон, кое почина во август, а држеше рекорд со својата висина од 1,04 метри.
Сопствениците на Џорџ го чуваат од 7 месечна возраст, но никогаш не се надевале дека токму нивното куче ќе ги достигне овие димензии. Сега тие подадоа молба за Џорџ да влезе во Гинисовата книга на рекордите.


