Слатко видео стана хит на TikTok. На снимката, среќна баба ги држи во рацете своите четири новородени внучиња.
Ејми работела како медицинска сестра 19 години во одделот за неонатологија, но никогаш досега немала држено четири бебиња истовремено.
Сега, таа ужива прегрнувајќи ги внучињата Вини, Емери, Луси и Елијас.
Тие се деца на нејзините две ќерки, кои се породија во период од еден месец. Вини е дете на нејзината ќерка Софи, додека слатката тројка е на ќерката Сидни.
@sophie._.camp My mom is truly living out her dream #fypシ #parentsoftiktok #momtok #triplets #sistergoals ♬ original sound - Kardashian clips
„Беше многу специјално. Навистина сакав да ги држам сите четири во исто време. 19 години бев медицинска сестра на неонатологија и имам држено многу бебиња, но никогаш четири истовремено. Беше неверојатно искуство, особено кога знам дека се мои внучиња“ – изјавила емотивната жена.
Видеото стана вирално и досега е прегледано 5,3 милиони пати.