Најдобри пријателки, кои неочекувано забременија заедно, направија слатко видео кое ќе им служи како прекрасен спомен.
Грејси Овенс и Викторија Бахлет се снимаа како се поздравуваат со трудничките стомачиња во текот на бременоста, за на крајот да се снимат со нивните бебиња. Двете другарки, кои се и братучеди, станаа мајки на временско растојание од 2 дена.
„Да поминеш низ бременост со твојата најдобра пријателка е еден од најголемите благослови. Еден ден бевме само мали девојчиња кои си играат и се преправаат дека се мајки, а сега ги донесовме нашите вистински бебиња дома. Возбудена сум што нашите синчиња ќе растат заедно, како што растевме ние“ – напиша Викторија.
@victoriabachlet our boys were born only 2 days apart :’) #bestfriends #pregnant #newborn #postpartum ♬ You've Got a Friend in Me - From "Toy Story"/Soundtrack Version - Randy Newman
Тие ги снимија и реакциите кога дознаа дека се истовремено бремени, како и моментот кога заедно го открија полот на нивните деца.
„Со Викторија пораснавме заедно. Станавме како сестри. Интересно беше да се види како нашите тела се развиваат различно. Двете различно ги носевме нашите бебиња“ – рекла Грејси.
@victoriabachlet i am so excited to watch our little boys grow up together, just like we did #pregnantbestfriends #boymom #pregnancyjourney #firsttimemom #genderreveal #findingoutimpregnant ♬ Turning Page - Sydney Rose
@victoriabachlet Getting to go through pregnancy with your best friend is one of the greatest blessings. One day we were just little girls playing house, pretending to be moms, and now we got to bring our real babies home. I feel so grateful to have been able to go through this journey with you, but I am even more excited to watch our little boys grow up together, just like we did. The way this last year has played out for the both of us just shows the overwhelming goodness of God and His hand on our lives. I couldn’t have done with without you, but He knew that.
♬ what was I made for? - Instrumental - Wheeler
Двете пријателки имаа можност да поминат време заедно во болница по породувањето, па нивните бебиња се запознаа таму.
„Имавме можност да ги возиме бебињата едно до друго. Тие се запознаа уште во болница. Бог знаеше дека си требаме една на друга и дека момчињата ќе имаат потреба едно од друго еден ден. Мислам дека сè се случи онака како што требаше да се случи“ – велат тие.