Градбата на најголемата сауна во светот веќе е во тек. Грандиозниот комплекс се гради во Хапаранда, на границата помеѓу Шведска и Финска и ќе биде целосно подготвен за туристите во јуни 2010г.
Спа центарот ќе изгледа како храм на Маите со 12 нивоа, ќе има бар на врвот, неколку базени од кои еден со ладна вода и 4 сауни.
„Во оваа област веќе постојат неколку занимливости, кои ги привлекуваат туристите. Има претставништво на Ikea и голем трговски центар. Тоа веќе привлекува 2 милиони туристи годишно, но нивните посети се краткотрајни. Со спа центарот се надеваме да ги задржиме туристите цел викенд.“ – изјави Кристина Лампинен, директорка на хотелот.
На почетокот, овој комплекс вреден 5 милиони евра, треба да го привлече окото на туристите од Шведска и Финска, а потоа и на туристите од целиот свет.