Почетна » Новости » Занимливости » Бидете хрчак за една вечер во хотел во Франција

Бидете хрчак за една вечер во хотел во Франција

Живот како на хрчакСопственикот на хотелот на тркалото за рекреација.

Хотел во францускиот град Нант им нуди на своите гости уникатна можност да искусат на своја кожа како е да бидеш хрчак.

Во оригиналниот хотел Villa Hamster, по цена од 99 евра на вечер посетителите добиваат соба чиј под е прекриен со слама и дрвени струганици, се хранат со семки и пијат вода од мала фонтана. За да се забавуваат гостите можат да трчаат во внатрешноста на големо тркало, т.е. да го искусат животот на хрчак од сите аспекти.

Првите гости во хотелот велат дека престојот е уникатно искуство кое им го менува начинот на живот.

Сопствениците на овој нестандарден хотел Frederic Tabary и Yann Falquerho имаат своја компанија за наем на невообичаени и бизарни места. Тие сметаат дека цената за престојот во Villa Hamster наскоро ќе се зголеми, затоа што гостите сакаат да имаат и мали луксузи како безжичен интернет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.