Светот денес се поклонува пред хуманитарните работници кои секојдневно несебично спасуваат животи и покрај тоа што ги ризикуваат своите и се потсетува на лицата чиј живот згаснал за време на хуманитарна мисија.
Секоја година на 19 август се одбележува Светскиот ден на хуманоста. Датумот е избран во чест и сеќавање на 22 хуманитарни работници кои беа убиени во бомбашки напад на канцеларијата на Обединетите Нации во Багдад на 19 август 2003 година.
Илјадници луѓе низ светот секојдневно оставаат свој печат, извршувајќи работа достојна за восхит, но за жал некои од нив ја плаќаат највисоката цена. Денешниот ден има за цел да нè потсети на нив, на нивното дело, на жртвите кои тие ги дале за да го направат светот подобро место за живеење.
Во својата порака по повод Светскиот ден на хуманоста, Бан Ки-мун нагласи дека минатата година бил најголем бројот на хуманитарни работници кои биле киднапирани, сериозно повредени или убиени.
Оваа година кампањата на ОН е на тема „The world needs more…“ или „Светот има потреба од повеќе…“.
Направете едно добро дело денес. Не знаете што и како? Еве неколку идеи:
- Направете сендвич за бездомник;
- Посетете повозрасно лице;
- Одбранете некој послаб кој е напаѓан;
- Згответе нешто за нова мајка;
- Утешете некого в болница;
- Волонтирајте;
- Подарете нешто што не го користите...
Во повеќе скопски кафулиња се поставени донациски кутии за повеќе лица кои имаат потреба од помош.
Еве за кого ќе се собира Хуманост и ќе се дарува Добрина:
- За Емануела Костоска во Cafe Zmija Revolved, ГТЦ, Play Caffe, ул. Македонија, Кафе Коцка, ТЦ Лептокарија и Ракија Бар „Калдрма“, Стара Чаршија
- За Олгица Тодоровска во Skopje Cafe, ул. Македонија, Ресторан Дион, Кеј 13 Ноември, Red Caffe Lounge Bar, нас. Аеродром и Кафе Коцка, ТЦ Лептокарија
- За Ивана Тодоровска во Birocrat- Ministry of Coffee, Кеј 13 Ноември и Led Zeppelin-Guitar Bar, TЦ Лептокарија
- За Иван Стојанов во Drama Coffee House, ул. Македонија, Caffe Bar Stobi, ГТЦ и Кеј 13 Ноември и Cafe-Caffe, спроти Градежен Факултет
- За Дарко Анески во International Cocktail Bar, ул. Македонија, Firenze Caffe, Плоштад Македонија и Cafe-Caffe, спроти Градежен Факултет
- За Марга Велеска во Ciao Cafe, ГТЦ, Salad Shop и Менада, Стара Чаршија
- За Јоце Блажевски во Caffe Barcelona, ул. Македонија, Custom Pub, Led Zeppelin-Guitar Bar, TЦ Лептокарија, Менада и Ракија Бар „Калдрма“, Стара Чаршија и Badu Bar, Порта Влае
- За Даниел Митков во Cream Caffe, ТЦ Бисер, Custom Pub и Badu Bar, Порта Влае