Фотографии од новороденче станаа вистински хит. Малиот Трент насмеа многумина со своите „намуртени“ гримаси на лицето.
Бебенцето имало само седум дена кога се одвивала фотосесијата и фотографката Лорен Карсон вели дека досега ниту едно бебе не го имало погледот и гримасите на Трент.
„Фотографирам новороденчиња веќе една деценија и досега имам работено со стотици бебиња кои имаат многу различни изгледи на лицето. Но, ниедно, мислам НИКОЈ не се споредува со гримасите на овој сладок дечко“ – напиша Лорен.
Фотографиите насмеаја многу лица ширум светот.
„Кога штотуку пристигна на овој свет, а веќе им си лут на сите за сè“, „Ова бебе е 87-годишен маж“ и „Би сакала да видам како ќе ги пресоздаде овие фотографии кога ќе порасне“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Лорен откри дека Трент заспа за време на фотосесијата и тие успеале да направат и послатки фотографии додека спиел.