Раѓањето на бебето е момент кој им носи на мајките наплив од емоции кои не можат да се опишат со зборови. Од олеснување зашто сè поминало во најдобар ред и безусловна љубов на прв поглед до бескрајна среќа, нова поврзаност со партнерот, солзи-радосници... Родилките чувствуваат вистинска бура во себе откако нивното малечко ќе дојде на овој свет.
Погледнете моќни фотографии од емоциите на мајките кога за првпат ќе ги видат нивните бебенца по породувањето. Фотографиите се дел од натпреварот за 2021 година на „Birth Photographers“.