Почетна » Новости » Занимливости » Момче е! Реакцијата на мајка на 6 девојчиња кога ќе види дека доби син по породувањето во када

Момче е! Реакцијата на мајка на 6 девојчиња кога ќе види дека доби син по породувањето во када

Видео од реакцијата на мајка кога ќе дознае дека по 6 ќерки, конечно доби син, ќе ве исполни со емоции.

Во него, Даниел Мареј се породува со помош на сопругот Џон во када со вода во домашни услови. Најпрво, таа се радува на успешното породување, а потоа извикува од среќа кога ќе види дека бебенцето е момче.

„Кога сфатив дека е момче, се заљубив повторно. Мојата реакција не беше шок или изненадување. Беше искрена благодарност. Се молевме за син и го добивме“ – изјавила мајката.

Парот од Северна Каролина има шест ќерки на возраст од 2 до 9 години.

„Има нешто навистина посебно во хаосот и смеата во куќа полна со деца... Полната маса, семејните традиции и сознанието дека тие ќе пораснат и ќе се враќаат повторно дома со нивните семејства. Нашиот дом секогаш ќе биде исполнет со љубов и живот“ – велат среќните родители.

Семејство Мари Семејство Мари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 21650 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.